Ако се суди по она што го покажаа модните надежи: Виктор Цветановски, Ана Камчева и Алмир Мили на вчерашната (петок) презентација во алтернативниот простор во „Ауди-Порше Македониjа” во рамки на Модниот викенд -Скопје, тогаш нашата сцена ја очекува убава модна иднина. Младите креативци, меѓу кои има еден ученик во средно училиште, студентка по моден дизајн и креатор кој допрва се етаблира, претставија капсулни колекции, со три различни инспирации.
Виктор Цветановски: Рафинираност во чекор со техолошките новитети
Со оглед на сериозноста со која ѝ приоѓа на модата, ретко кој би погодил дека Виктор Цветановски сè уште е тинејџер. Тој зрело ја согледал потребата за рафинираност и едноставност во чекор со техолошките новитети на жената од иднината. Инспириран од современата архитектура, напредокот во технологијата, современата уметност и урбаното живеење, создал шест креации со прави футуристички форми, кои би нашле одлична примена во дрескодот на бризнис-жените што сакаат да бидат еден чекор пред другите. Моделите се со монохроматски тонови со силен акцент на металик. Експериментира со повеќе текстури и користи широк спектар на материјали.
Ана Камчева: Баланс со футуризмот
Филмот „Гравитација“ бил инспирација за мини-колекцијата на Ана Камчева, која наредниве неколку месеци треба да дипломира на Европскиот универзитет. На сино-бело-црните панталони, здолништа и фустани со широк крој, има пораки испишани суптилно на рабовите. Креациите се со внимателна геометриска игра, во која идната дијнерка за одржува рамнотежата межу футиристичката и актуланата мода. Со додавање на тешки материјали на завршетоците на парчињата облека, ја отсликала смислата на гравитацијата која е природна сила која им дава тежина на предметите и предизвикува тие слободно да паѓаат кон земјата кога се пуштени од некоја височина.
Алмир Мили: Мрачната и девствена страна на русалките
Сарословенските митолошки суштества русалки, што преставуваат жени-нимфи и самовили, добија своија умешна модна интепретација од младиот дизајнер Алмир Мили. Како што им доликува на младите креатори, со доза на ексцентришност, театралност, но и со визија и заокружена идеја, тој уште еднаш покажа зошто според многумина е меѓу најдобрите млади креатори. На перформансот, со мал хорор-елемент, ја долови истовремено убавината, но и фатална страна на русалките. Под белите, девствени креации се крие мрачна страна. Колекцијата е изградена врз база на материјали кои изгледаат природно, но во суштина се вештачки добиени како микс на природни материјали, како што се францускиот тул, бел штоф, свилен жоржет… Формите и кроевите се базични, женствените силуети надополнети со нагласени форми на капути и макси здолништа. (A.Н. Фото: Stylist.mk)
Нема коментари