Од оган создава уметност. Пред ваши очи на хартијата почнува да се разгоруваат портрети, познати и анонимни, ликови што секојдневно ги среќаваме на разминување… Младиот уметник Игор Јосифов вчеравечер во ноќниот клуб „Станица 26“ во живо го претстави својот експеримент со техниката на сликање со оган. Оваа уметничка игра со оган беше проследена со одушевување од скопската публика.
Јосифов е претставник на помладата генерација македонски уметници и еден од малкумината кои успеале да изградат уметничка кариера во странство. Игор Јосифов е роден во 1986 година во Кавадарци, дипломирал на Академијата за уметност во Сaн Франциско (2009). Самостојно изложувал во Сан Франциско (2007, 2008, 2010), Беркли (2009), Чикаго (2010), Њујорк (2010), Париз (2011), Ширјах (2011). Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство (Осло, Сан Франциско, Мајами, Берлин, Њујорк, Беркли, Чикаго, Тирана, Париз и Ширјах). Дел е од проектот на Марина Абрамовиќ The Artist is Present во MoMA, Њујорк (2010). Студиски престојувал во Watermill Center, Њујорк (2008). Живее и работи на релација Сан Франциско – Париз – Скопје – Кавадарци.
Фото: Stylist.mk
Нема коментари