Младата дизајнерка Пепика Јованова утре во 19 часот во Скопје ќе го отвори своето ново ателје наменето за венчаници и свечени тоалети, Pepika atelier. Јованова е дипломиран моден дизајнер, на универзитетот ФОН во класата на Александар Ношпал.
Досега во своето петгодишно работно искуство, има учествувано на повеќе модни настани и случувања, меѓу кои би ги издвоиле FWSK, Саем на венчаници, ревија по повод роденденот на британската кралица, како и дизајнер во повеке македонски модни ателјеа.
-Целта која го поттикна отварањето на Pepika ateljer е на клиентот да му овозможиме целосна услуга од замисла па сè до уникатени дизајни внимателно одбрани материјали и производ каков што бараат денешните невести. Првите модели кои ќе бидат изложени ке ги опфаќаат трите стила на фустани, принцес и сирена крој, како и поромантични варијани со свила-вели Пепика и додава дека свеченото отварање ќе се оддржи во сабота на ул. Даме Груев 28.
Нема коментари