Латино-ѕвездата Џенифер Лопез е во потрага по нов дом, за кој наводно е подготвена да плати 20 милиони долари. Американските медиуми пишуваат дека најверојатно таа ќе се одлучи за пентахсусот во ексклузивната зградата Walker Tower, што се наоѓа во Челзи, Њујорк. Секоја од собите во апартманот има свој балкон, со неверојатен поглед. Во него сè се раководи по електронски пат, а исто така има и камин. На располагање се три спални соби и четири бањи,кои се распослани на 315 квадратни метри. Инстересно е што неодаман еден стан во оваа зграда, проект на Мајкл Стерн на West 17th Street, се продаде за 50 милиони долари.
Нема коментари