Во очекување на второто филмско продолжение од трилогијата „Педесет нијасни на сива“ ( Fifty Shades Darker) и после гледањето на трејлерот на новиот филм за Кристијан Греј и Анастасија Стил, повторно сме фасцинирани, ако не од содржната, тогаш од декорот и сценографијата. Ако ви се допаѓа пространиот и модерен пентхаус на протагонистот од филмот, ѕирнете го станот кој послужил како инспирација и кој неодамна е проценет на 8.8 милиони долари. Неколку пати е ставен на продажба, последен пат во месец август, сега е со малку променет декор и со нова цена. Станот со површина од 480 метри квадратни се наоѓа на врвот на зградата наречена „Ескала“ во Сиетл, поседува 3 спални соби и 3 купатила, посебна канцеларија, пространа дневна соба, модерна кујна и скоро целиот пентхаус е врамен со прозори од под до плафон (дури и во едно од купатилата), од кои се гледа неверојатен поглед на градот. Оној кој сака да живее како Кристијан Греј треба да плати 8.8 милиони долари, а како екстра добива и 24-часовна служба од консиерж, приватен спа центар, базен и кино сала.
Нема коментари