Додека трае снимањето на четвртата сезона на серијата American Crime Story, со дејствие околу смртта на модниот креатор Џани Версаче, почнаа да се појавуваат првите папараци фотографии пред вистинската куќа на креаторот и на други локации во Мајами, некои од нив се со шпанската актерка Пенелопе Круз. Таа во серијата ја глуми сестрата на Џани, Донатела Версаче, и иако на почетокот со сомнеж беше прифатена идејата токму Круз да ја интерпретира во серијата, со помош на платинеста перика, шминка и вистински стајлинг, актерката наликува на Донатела. Ова е повеќе евидентно и на првата официјална фотогарфија на Пенелопе како Донатела што деновите ја објави Entertaiment Weekly.
Серијата ќе се прикажува следната година, а покрај Пенелопе ангажирани се Едгар Рамирез како Џани Версаче, Рики Мартин како неговиот партнер Антонио Д’Амико, а убиецот на Версаче го глуми Дарен Крис.
Нема коментари