Еден од најбараните манекени од агенцијата „Моделс ин“, Павле Николовски, е дел од новиот проект на познатата српска пејачка Анабела.
- Во својот лежерен и професионален пристап Павле докажа дека македонските машки модели се комплетно на висина на задачата. Со ваквиот избор Анабела уште повеќе ја зацврсти соработката со модната фела во Македонија, и секако вети уште поголема соработка. Ваквите ангажмани многу често продуцираат големи пријателства па следниот проект за нашиот модел ќе биде Белград каде со заеднички сили ја продолжуваат својата приказна со музички видео запис…Во последно време се почести стануваат соработките помеѓу македонските модели и пејачките од соседните земји. Помеѓу другото тоа се должи на фактот што можеме да се пофалиме со навистина одлични и професионални момци-велат од „Моделс ин“.
Фотографиите специјално за оваа намена ги изработи Бојан Стоилковски.
Павле, кој најблиските го нарекуваат Пако, веќе неколку години е едно од најбараните лица од бордот на машки модели кои се дел од „Моделс ин“. Тој е вљубеник во фитнесот, покрај небесно плавите очи поседува шарм и тело на вистински модел. Неговата посветеност и карактер ветуваат отворена карта кон светскиот моделинг.
Нема коментари