Париската луксузна стоковна куќа Galeries Lafayette овие празници на модните вљубеници им понуди неверојатно искуство да ја поминат ноќта токму во ходниците на славната шопинг дестинација. Оваа уникатна понуда ја овозможува порталот Airbnb, преку програмата Night at со која се организира престој и преспивање на најневозможи места како книжарници или запуштени замоци. Понудата се однесува за период кога започнуваат распродажбите во Galeries Lafayette, односно почетокот на јануари, важи за шесторица, заинтересираните се пријавуваат на интернет страницата на Airbnb приложувајќи есеј од 100 збора во кој објаснуваат зошто треба токму тие да преспијат во Galeries…, а „добитницте“ ќе бидат објавени во новогодишната ноќ. Покрај преспивање во импровизираната „хотелска соба“ во ходниците на стоковната куќа, добитниците ќе имаат можност да добијат свечена вечера, потоа француски доручек и стартна позиција на распродажбата поткрепена со паричен ваучер за шопинг.
Galeries Lafayette е најпознатата и најспектакуларната стоковна куќа во Париз, сместена со стогодишната градба во облик на купола на иконскиот булевар Хаусман. На простор од преку 15.000 квадратни метри може да се најдат преку 320 познати светски модни брендови. Често именувана како „моден Лувр“, стоковната куќа нуди и богата понуда на машка мода, неколку ексклузивни ресторани и бесплатни модни ревии во петок во 15 часот.
Нема коментари