Со своето живописно пристаниште, пастелните куќи кои гледаат кон брегот и небесната италијанска празнична атмосфера, Портофино е едно од најдобрите места за релаксиран и истовремено гламурозен одмор во Италија. Токму во Портофино Долче и Габана деновиве ја претставија новата „алта мода“ колекција, а сега на дизајнерите друштво им прави пејачката Кајли Миног, која што пак често летува овде. За дизајнерите дизајнерите Портофино е едно од нивните најомилени места во Италија, од кое често се инспирираат. Тие летово подготвира лимитирана колекција инспирирана токму од Портофино, а отворија и попап продавница на главниот плоштад каде што ќе може да се купат креациите.
Сместен на помалку од 40 километри од Џенова, на Лигурското море, скриен во национален парк, градот во 50-тите го популаризираше актерот Рекс Харисон, која овде купи вила, а денес поранешното рибарско село е синоним за италијански гламур. Покрај Рекс во Портофино летувале Елизабет, Тејлор, Марија Калас и Аристотел Оназис, Фридрих Ниче, членови кралските семејства, а во Портофино Мадона го прослави 50-от роденден, фудбалеро Вејн Руни правеше свадба, а на меден месец беше Аврил Лавињ. Во градот може да најдете ексклузивни бутици на „Гучи“, „Пучи“, а свои имоти имаа дизајнерите на Долче и Габана, Доменико и Стефано, како и Џорџо Армани.
Градот привекува со својата убавина, посебниот начин на живот, културата, природата и врвните кулинарски специјалитети. Медитеранската клима секому годи, а Портофино иако се смета за елитно туристично место, сè повеќе се отвора за шаренилик профил на туристи. Обилува со разни знаменитости како дворецот Castello Brown, кој датира од 15 век, а денес е музеј отворен за публиката. Може да се восхитувате на црквата San Giorgio изградена во 12 век, да се прошетате по плоштадот Piazza Martiri dell’Olivetta, центарот на општествените и културни случувања, преполн со продавници и ресторани. Овде во некои од локалните ресторани своевремено се релаксирале Грета Гарбо и Труман Капоте. За шопинг се препорачува улицата Via Roma, модната област на Портофино.
Вкусете ја италинаксата храна во типичен италијански ресторан, како La Terrazza, Liguria или La Cucina di Nonna Nina, а задолжителн треба да пробате фокачо, поточно Focaccia di Recco, типичен леб со кашкавал, потоа лигуриската паста trofie со песто и farinata di ceci, вид палачинка со брашно од леблебија, карактеристична за овој дел од Италија.
За луксизниот карактер на Портофино зборува хотелот Belmond Hotel Splendido, еден од најдобрите во Италија, со 69 соби распоредени на пет ката, со мирна градина со маслинки и приватни тераси украсени со шарени цветови. Ама оваа убавина доаќа со висока цена, па полупансион во двокреветна соба со поглед на море чини преку 1.000 евра. Во близина на Портофино е малото пристаниште Сан Фрутуосо, до кое може да се дојде само со брод или пешки. Тука ќе најдете црква од 7 век, и може да јадете на терасата на познатиот ресторан „Да Џовани“. (К.Т.)
Нема коментари