Секое место има своја уникатна приказна, а италијанскиот остров Сицилија е извор на неограничена инспирација во модата и убавината. Пример се дизајнерските Доменико Долче и Стефано Габана кои постојано вметнуваат референци од овој вулкански остров во своите модни комбинбации. Гламурозниот остров исто така служи и како една од омилените летни дестинации за одмор на модната елита и познатите блогери. Овде летуваше и блогерката Ејми Сонг (songofstyle.com) и во соработка со Долче и Габана ја истражи инспирацијата зад парфемот Light Blue. Сонг уживаше во сините бои на Медитеранот, престојуваше во хотелот La Therasia Resort и се сладеше со оброци на отворено од морски плодови, вкусен зеленчук и опивно вино. Ова се фотографиите од нејзиниот патувачки дневник.
Нема коментари