Колку чини удобноста во високата мода? Според „Шанел“, таа е покапа од 3.000 евра. Толку чинат новите патики на француската модна куќа, што деновиве ги претстави во рамките на својата ревија во „ Пале д Токио“ во Париз. Ова модно парче, што Карл Лагерфелд го предлага за престојната пролет, крена голема прашина во медиумите и меѓу љубителите на модата.
Првата дискусија беше околу цената на моделот. Многумина коменираат дека станува збор за најскапите патики. Втората дебата се водеше околу тоа дали на патиките и удобните парчиња од спортската гардероба им е местото во високата мода? Дали со овој чекор се намали границата меѓу луксузните колекции и линиите за секојдневна облека или пак се зголеми? Дали се менува модната историја?
По отстапката на „Диор“, кој исто така престави колекција која е помладешка, покежуал и поблиска до пошироката публика во однос на формата, и „Шанел“ посвети линија на новата генерација клиентки.
Несомнено тие ќе најдат голем примен межу новите модни икони и трендесетерки, италијанските блогерки, богати руски наследнички и француските и британски модни и филмски ѕвезди.
Најскапите патики, кои прават чекор напред во високата мода се изработени од тантела и се украсени со кристали. За изработка на еден пат потрени биле по 30 часа рачна работа во ателјето Massaro, чиј соптвеник е „Шанел“. Без разлика дали се изработени од твид, питинска кожа се украсени со камења тие чинат 3.000 евра. Ги има во бела, црна, сребрена и нијани на розова и сина боја.
Подели се и мислењата во однос на ниваниот изглед и модна вредност. Според едни тие се грди и грубо стојат на нежната и елегантна женска нога. Но, според други, тие се шик, лесни за комбинирање и пријателски настроени кон стапалото на жената. (А.Н.)
Нема коментари