Компанијата за спортска опрема Adidas претставува колекција на 3Д печатени патики направени од рециклиран отпад собран во океаните. Концептот е развиен со помош на мултидисциплинарната организација за заштита на животната средина „Преговори за океанот“ (Parley for the Ocean), а еко-патиките се направени скоро комплетно од пластичен отпад и фрлени рибарски мрежи извадени од морињата и океаните. Отпадот е претворен во синтетички влакна кои потоа се употребуваат за производот. Горниот дел од патиката е креиран од рециклирани пластични делови и зелени влакна, додека базата е од друг вид на одржлив материјал. Според активистите Parley for the Ocean мрежите на илегалните риболовци најмногу ги загадуваат големите води, затоа нивната цел е да се собере отпадот и реупотреби, на пример за еколошките патики на Adidas. Засега e направен прототи на овие патики, но Adidas ветува дека во следната година ќе почне да ги произведува масовно, зависно од тоа колку отпад ќе се собере по океаните и морињата.
Нема коментари