„Ова не беше тематска колекција, туку збир на сè што ми се допаѓа“ објасни Кристофер Бејли по ревијата на „Барбери“ за есен-зима 2016/17 на Лондонската модна недела. А според виденото Бејли сака печворк, разно извезени светки, металик жакард, војнички капути, чизми со огромна тока, нова верзија на глам рок и секаков принт од каро до животиски. Секако, „Барбери“ има и нови модели на препознатливиот барбери-мантил, како и нова ИТ-чанта наречена токму „печворк“.
Креативниот и извршен дизајнер на луксузниот британски бренд „Барбери“ Кристофер Бејли, пред настапот на модната недела во Лондон најави нов формат на делување заснован на принципот „види сега, купи веднаш“. Односно оваа еклектична колекција може да се купи во следните 8-10 седмици, додека моделите од следната ќе бидат достапни еден ден по ревијата. Со ова Бејли најавува драматична промена во форматот на модна недела, на претставивањето една сезона однапред и на дефинирањето на колекциите по сезона. Неговиот пример најавија дека ќе го следат и други дизајнери, а со ова веројатно ќе настане и драстична промена во модниот систем.
Ревијата се одржа во Кенсингтон гарденс, пред голем број на позанти личности како Наоми Кембел, Оливија Палермо, Роузи Хантингтон-Вајтли, Алекса Чанг, Нуми Рапас, Елена Перминова, Елиса Седнауи… Вообичаено ревијата беше проследена со музика во живо, овојпат пееше Џејк Баг.
Нема коментари