Конципиран како ресторан во ресторан, лаунџ-барот Patchwork се наоѓа на терасата на кровот на популарниот ресторан Sa Punta, во заливот Таламанка на островот Ибица. Со поглед кој го одзема здивот накај Далт Вила, стариот град на Ибица, Patchwork е првиот либански ресторан на островот. Овде може да се јаде samboussek со јагнешко, мусака, разни мезиња, фалафел и пилешки шиш-таук. Локацијата на покривот на Su Punta е одлична за летно уживање, а просторот е уреден во бохо и хипи-лукс стил, со мебел и декорации од Индија, Тајланд и Индонезија. Отворен е од самрак до 3 часот после полноќ. Patchwork е замисла на францускиот пар Рита и Родолф, кој после Sa Punta и Patchwork, ја продолжуваат приказната и летово отворија нов ресторан во дворот пред Sa Punta, наречен Ginger и кој нуди азиска храна.
Нема коментари