Покрај креациите наменски направени за неодамнешниот Ден на вљубените (14 февруари), брендот за секојдневна облека, „Бершка“, промовира уште неколку креации за овој месец. Во lookbook-oт за февруари понудени се младешки, пастелни комбинации , со цветни дезени и лесни материјали. Покрај памучните парчиња, тука се и моделите од џинс, полиестер и тантела. Застапени се блузони, кошули, куси здолништа, шорцеви маици по прерамки и панталони. Се среќаваат белата, нежнорозовата, сивата и бебешко сината нијанса, а има и црни детали. Моделите надополнети со впечатлив ѓердан, очила со розова рамка и црни чевли.
Нема коментари