Третата и најголемата забава по повод лансирањето на новиот магазин Porter се случи вчера во една стара палата од 19 век на Саломон де Ротшилд во срцето на Париз. Домаќинки беа Натали Мaсенет, основачка на компанијата Net-a Porter, издавачот на списанието и Луси Јеоманс, главната уредничка. Во време на интернет-медиуми, Мaсенет, првиот човек на најуспешната интернет продавница за дизајнерска мода, преку Porter порачува дека принт-магазините не се мртови! Првите импресии за новиот интернационален магазин се одлични, а изданието веќе се продава во 60 држави и е достапно директно преку net-a-porter.com. На париската забава присуствуваа над 400 гости, меѓу кои беа и Ријана, Оливија Палермо, Џесика Алба, многу познати модни дизајнери, стилисти и фотографи.
Нема коментари