Дизајнерката Јована Филиповиќ повеќемесечните активности на домашната и интернациналната сцена ги заокружи вчеравечер со отворање на новото ателје во центарот на Скопје, кое ќе функцинира како шоурум и место за создавње колекции, а истовремено ја претстави новата ресорт 2016 колекција.
Просторот во новото ателје на Филиповиќ е минималистички, поделен на неколку секции, вкусно уреден со неколку парчиња мебел, како дрвен параван, шарена фотелја и интересна клуб-маса. Интересните решенија за чување списанија и врамените фотографии илустрираат дека станува збор за модно ателје. При самото влегување забележавме облека закачена во изложебниот дел, односно новата колекција на дизајнерката од категоријата ресорт 2016, со која продолжува да го следи светскиот ритам на презентирање колекции. Новите парчиња се префинети и со едноставни кроеви, неколку видови сакоа, молив-здолништа, бели кошули и црни фустани, инкорпорирање на јаки бои и нежен цветен дезен. Овие базични парчиња во кои дизајнерката внела доза на софистицираност, може да се носат во дневна и во вечерна пригода, а одлично ќе се вклопат и во стилот на деловните жени.
-Resort 2016 претставува мини колекција од вкупно 18 парчиња, парчиња кои и се неопходни на денешната модерна жена. Содржи кошули, макси здолништа, сакоа па се до вечерни коктел фустани. Користени се претежно природни материјали како свила, лен, памук. Идејата за колекцијата и нејзиниот сензибилитет дојде после враќањето од една од најголемите модни метрополи, Париз. Колекцијата беше презентирана вчеравечер, заедно со отворањето на моето ново модно студио – вели Јована.
За презентирање на колекцијата дизајнерката сними каталог кој го фотографираше Јована Зука, позира моделката Верица Тодорова од модната агенција „Подиум“, шминката и фрусурата се на Игор Марков, а употребени се чевли од брендот Nine West.
Нема коментари