Импресиите од една неодамнешна посета на Барселона и на архитектонските ремек-дела на Антони Гауди беа почетната точка во колекцијата на висока мода на либанскиот дизајнер Ели Саб прикажана пред неколку дена на Париската модна недела. Кутуриерот темата ја разви низ органски текстури, принтови и богато украсување на тоалетите, вклучувајќи и шара со златен вез која наликува на испукана земја. Во некои делови се повикува на сложените и заплеткани железни детали на Гауди и ги пресликува во структурални креации, нагласувајќи го чувството на медитерански Арт Нуво во кoлекцијата и додавајќи впечатлива 3Д димензија.
Во колекцијата на Саб има широк избор на добро скроени костими, елегантни тоалети со вез и светкави детали, долги наметки и кратки коктел фустани. Приказната, исто така, разбуди страствена палета на тонови на скапоцени камења, вклучувајќи пурпурно виолетова и смарагдно зелена, а впечатливи се е и карнерите и помпом топчињата зашиени на рабовите, кои реферираат на традиционалниот шпански фустан. Саб исто така си игра и со архитектонски линии, структурални форми и нагласување на едно рамо.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари