Јануарската недела на висока мода во Париз повторно беше во знакот на модни ревии без гости, па повеќето модни куќи претставија видеа и фотосеии на колекциите за пролет-лето 2021. Високата мода, Haute Couture, е место каде што се спојуваат модата, уметноста и фантазијата, канал низ кој се разменуваат идеите, извор на незапирлива креативност и вистинска прослава на рачната изработка и занаетчиството. Концептот на висока мода е можеби далеку од релноста на нашите животи – особено сега, но високата мода колку и да ни е недостапна, нуди сладок ескапизам, изобилство на фантазија и инспирација.
Еве еден преглед со видеа и фотографии од новите колекции на висока мода.
CHANEL
„Сакам големи семејни дружења, кога ќе се соверат сите генерации“, изјави креативната директорка Виржини Вјар за новата колекција инспирирана семејните сибири како годишница или венчавка.
VALENTINO
Kолекцијата Temporal ја одразува мислата на дизајнерот Пјерпаоло Пачоли за важноста на живеење во моментот, но и за создавањето облека што ќе ги надживее трендовите.
SCHIAPARELLI
Надреални и нереални креации, кожени корсети и скулптурална силуета, обетка-фустан и крупен накит во вид на очи, усни и носеви… Дејвид Розбери повторно со омаж на Елса Скјапарели, главната надреалистка во модата.
FENDI
Ново поглавје за куќата со првата колекција на висока мода дизајнирана од новиот креативен директор Ким Џонс.
ARMANI PRIVE
Џорџо Армани со колекција посвеена на Милано
ALEXANDRE VAULTIER
Светкави креации за сите нас што ни недостасуваат журките, а новата диско мода се враќа во 70-тите и Студио 54 за испирација за новото време.
DIOR
„Светот на модата е средба, микс од магија, уметност, дух, езотерија, фантазија и убавина“ Марија Грација Кјури за новата колекција инспирирана од тарот карти и езотерија.
VIKTOR & ROLF
Couture Rave – имагинарна ревија за минатите и идните забави.
IRIS VAN HERPEN
Новата колекција Roots of Rebirth повторно ја истражува симбиозата меѓу современета технологија и занаетчиската изработака карактеристична за високата мода.
Нема коментари