Во парискиот хотел Hôtel Salomon de Rothschild дизајнерите Марија Грација Кјури и Пјерпаоло Пичоли ја претсавија новата колекција на висока мода на модната куќа „Валентино“ за пролет 2016 – микс на мотиви од источната и западната цивилизација, кадифе и плисе, софистицираност и сексапил, нежни ткаенини и таписерска текстура, шифон и пачворк, принт на змеј и на дрво на животот преземено од Блискиот Исток. Пред почетокот на ревијата, дизајнерите на „Валентино“ го открија мудбордот за колекцијата – дизајнерот Маријано Фортуни кој творел во почетокот на 20-от век и е пзнат по креациите во актички стил, средовековната облекување и балерините Марта Греам, Исадора Данкан и Луи Фулер, и бајковитата флуидност на нивната танчеркса облека. (K.T.)
Нема коментари