Еден од омилените брендови за модни додатоци и накит Parfois од оваа сезона ја збогатува својата понуда и со парчиња облека, кои веќе пристигнаа во продажните салони и во Скопје. Приказната на португалскиот бренд, кој им се обраќа на сите модени девојки и жени што сакаат да го зачинат изгледот со уникатни додатоци, продолжува и со есененски есенсцијални креации. Тие како и накитот на Parfois се баланс меѓу безвремнската елеганција и пулсот на модерниот урбан стил. Понудени се палта и блузи со нагласен волумен, панталони и плусе здолништа, сите во земјени тонови.
Деновиве е лансирана новата кампања на брендот Home Is (Домот е) во кој има парчиња со кои ќе се чувствувате удобно и свое (како да сте дома) дури и во места и ситуации кои ви се сосема нови. Во кампањата се појавува моделот Марија Локс, а фотографиите ги направи Родриго Кармуега. Снимано е во постмодернистичкиот амбиент на Walden 7 во Западна Барселона. Опкуживањето одлично се поклопува со тонот и приказната во линијата, со бои како портокалова, крем, жолта, златна, окер, темнозелена, бела црна…со нијанси поведри од традиционалниот есенски колорит.
На некои од моделите има флорални и животински принтови, а дел се збогатени со мониста и рачна доработка. Застапени се мали практични чанти со повеќе прегради, ранци, торби што ги собираат сите неопходни предмети, разиграни ѓердани со впечатливи детали, чокери, алки, прстени со камења и метални елементи.
Нема коментари