Како контраст на концептот од претходната колекција “Home is”, Parfois овојпатнè предизвикува да излеземе од комфорната зона и да ја прифатиме промената, која е секогаш тука некаде, блиску до нас.
PARFOIS ја претставува новата колекција за сезона пролет-лето 2017 со кампања базирана на идејата дека од ништо може да настане сè и дека неограничените можности секогаш постојат. Колекцијата црпи инспирација од природата со комбинација на минималистички и романтични предлози за новата сезона.
Италијанскиот модел Кјара Келси има централно место во кампањата фотографирана од страна на аргентинскиот фотограф Родриго Кармуега. Локацијата е огромен, празен базен, изграден во 1942 година, блиску до плажата во северна Португалија. Сетингот на кампањата е парадоксална средина што постои само во нашата имагинација, нè носи во светот на соништата, на место кое во исто време е симболично и реално.
Инспирирана од 50-тите, 60-тите и 70-тите со фокус на јаките и неонските бои, тексасот, карираните материјали, мотиви со природа и животни колекцијата ја сочинува палета на бои, која нè води во топлите денови на летото. Таа се издвојува по употребата на разновидни материјали, металик детали, вез и тантела, но и летни, природни материјали како трска и рафиа. Дополнително, за новата сезона PARFOIS претставува специјална колекција накит од сребро.
Колекцијата за пролет/лето е создадена за слободоумни жени, подготвени за авантури, жени кои го живеат и уживаат во секој момент, жени кои ги прифаќааt промените и кои се секогаш подготвени за неочекуваното. Вистинска декларација на независноста која зависи од секоја од нас. Бидејќи магијата може да се случи секаде, со секого, во секое време и незначајното да стане извонредно.
Нема коментари