Португалскиот бренд за урбан секојдневен накит, Parfois, ги промовира своите нови, есенски модели кои се создадени да го комплетираат секој изглед и се медиум за изразување на креативноста во стилизирањето кај жените. Во каталогот за новата колекција се појавува моделот Кејт Андервуд, а фотографиите ги сними Квентин де Бри -имиња кои се во подем во модниот свет.
Линиите „Драматичност“ и „60-ти“, кои ќе коже да се најдат и во продажните салони на Parfois во Скопје (ТЦ Рамстор и Skopje city mall) се водечки во колекцијата и нудат широк спектар на модни додатоци. Ретро-трендот е интерпретиран преку модни парчиња со футуристички и рафинирани елементи, комбинации на материјали, чисти линии и микс на бои, кои креираат динамичен и елегантен изглед. Колор блокирањето и геометриските форми се неизбежни за доловување на ерата која е една од најчестите модни инспирации, а е епитом на женственост и привлечност.
Другото лице на колекцијата за есен-зима 2014 е исцртано преку линиите кои содржат елементи на авантгарда и драматичност. Портокаловата, црната и црвената боја се основа врз која дизајнерите создале романтични парчиња за урбаното секојдневие. Деталите со металик ефект пак, даваат доза на фантазија и мистерија, а одлично се надополнуваат и со впечатливи цветови и украсни камења. Во новата сезона кожата е застапена кај сè повеќе модели на елегантни чанти за уште поголемо чувство на софистицираност.
Нема коментари