Славниот музичар Фарел Вилијамс во соработка со Comme des Garçons создаде унисекс парфем наречен Girl, исто како неговиот нов албум. Мирисот е суптилен спој на портокал, лаванда и бел пипер, има ноти на ирис ,стиракс и љубичици. во формулата има и база на ветивер, пачули, кедрово дрво и сандалово дрво. Дизајнот и логото на шишето го направи House + Holme, во соработка со KAWS. Парфемот ќе биде лансиран во Лондон, во Dover Street Market на 1 септември.
Нема коментари