Британската блогерка Џордан Боун редовно постира текстови, фотографии и туторијали за шминкање на својата адреса http://jordansbeautifullife.com/, но чести прашања за обликот на нејзините раце, таа одлучи да ја раскаже целата приказна. Џордан пред десет години дожиживеала сообраќајна несреќа по која е тетраплегичарка и тешко ги движи рацете, нозете и телото. Но не потклекнала на проблемите. На почетокот депресивна, со текот на времето нашла голем интерес во шминката и со години вежбала како да ги користи козметичките производи и четките за шминкање. Таа неодамна на својот блог го објави видеото My Beautiful Struggle во кое не само што дели совет за шминкање, туку ја раскажува својата борба за нормален живот и покажува како нанесува шминка иако не може да ги движи прстите. „Изгубив многу, но не сакав да го изгубам и идентитетот“, вели Џордан. По несреќата научила како да се шминка на поинаков начин, како со уста да ги отвора маскарата и другите производи, а со текот на времето станала сè поумешна во нанесувањето туш и нијансирањето на сенките за очи. „Како што контурурањето и осветлувањето на лицето нè учи, таму каде што има темнина, секогаш доаѓа светлина“. После ова видеото Џордан доби нови 4 милиони следбеници и многу позитивни пораки на поддршка.
Нема коментари