Модниот креатор Андреј Папаз Ѓоргиевски е прогласен за најуспешен дизајнер за изминатата година на традиционалната манифестација „Најуспешни битолчани за 2016“, организирана од страна на „Битолски весник“.
-Како млад дизајнер чест ми е што „Битолски весник“ ме избра за најуспешен дизајнер. Оваа манифестација е престижна и се организира 18 години по ред, сега можам да кажам дека сум рамо до рамо со останатите успешни колеги. Како прва награда од мојот роден град ќе биде поттик за мојата работа и колекциите во иднина – вели Папаз.
Папаз во минатата година за првпат се појви на Моден викенд-Скопје со колекцијата „Враќање на антихеројот“ и го привлече вниманието на публиката и модните проследувачи со креации кои се спој на авангарда и драматичност. Дизајнерот веќе неколку години активно и успешно се пласира на модната сцена со своите дизајни, а исто така и како костимограф за театарски претстави и телевизиски серии. Неговото име се јавува на над триесет авторски остварувања, проектите “Македонски Идол”, “Евровизија”, ТВ серијалот “5+ Фамилија”. Измината 2016 година ја одбележа костимографијата за првонаградената претстава за најдобро уметничко остварување „Кралски игри” во продукција на Народен театар Битола.
Нема коментари