Институтот Pantone се смета за авторитет за бои и повеќе од две децении ги креира светските колористични трендови кои се одразуваат во модата, но и во сите други сегменти на нашето живеење, во својот традиционален избор за 2021 година прогласи две бои – Pantone 17-5104 Ultimate Grey, смирувачки тон на сива и Pantone 13-0647 Illuminating, интензивно жолта боја. Овие две непоспоиви нијанси се именувани како колективна боја за 2021 и се одговор на oваа невидена година. Институтот ги опишува како „брак на бои кои пренесуваат порака за сила и надеж што трајна и возвишувачка“.
Ultimate Grey и Illuminating имаат своја цел. „Секоја од овие бои има свој емотивен аспект, сивата е онаа која има поголема поддршка и цврстина, практична основа што ни треба, а жолтата се однесува на надеж, сончева светлина и добро расположение“, вели Леатрис Ајземан, извршен директор на институтот. Самата комбинација дава силна изјава. Изборот да се вклучат две бои оваа година беше под влијание на пандемијата и настаните во 2020 година како што е протестот Black Lives Matter. Според Лори Пресман, потпретседател на институтот, оваа суштинска потреба за поврзување се рефлектира во одлуката на Pantone да избере две бои оваа година, што се случило еднаш претходно. Имено, во 2016 година, институтот ги избра Rose Quartz и Serenity, како поддршка на растечката флуидност околу родовите норми.
Но, целта за изборот на боја на годината останува иста како и во претходните години – да ја рефлектира културата на моментот во кој живееме. И боите за 2021 година изгледаат прилично соодветни, додека се подготвуваме за новогодишната ноќ полна со можности за вакцина, за повторно отворање на светот, за враќање на некакво чувство на нормалност и можност за поврзување.
„Знаеме дека живееме во невообичаени времиња“, рече Пресман. „Без разлика дали станува збор за пандемија или востание ширум светот, ние се обидуваме да ја замислиме иднината додека преминуваме во ова ново време.
Нема коментари