Уличната мода ја илустрира популарната тенденција на носење панталони со широк крој и со должина над глуждот. Овој модел на панталони се одлични за пролетниот период, одговараат на разни типови на градба, лесно се комбиниираат и aдаптираат на повеќе стилови, и најчесто имаат висока половина што дополнителмо му ласка на телото.
Од памучни материјали или џинс, може да се носат со различни обувки, од патики до сандали со високи потпетици. За трендовски изглед се комбинираат со блузи со широки пуфнести блузи, најдобро пикнати во панталоните за да се нагласи струкот. Тренд се и миксовите со кратки болеро јакни, лесни џемпери или шанел-сакоа. Среќаваме доста модели на фармерки до глужд, кои најчесто имаат широк и невообичаен крој. Панталоните и фармерките секогаш можат да се подвиткаат за да се добие ефект како да се покуси. Елегантна опција е кога панталоните се носат како дел од костим.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари