Така барем смета Џо Коре, синот на модната дизајнерка Вивиен Вествуд и на менаџерот на „Секс пистолс“ Малколм Мекларен, кој заедно со својата мајка деновиве направи ритуално спалување на панк сувенири во негова сопственост. Џо, кој е основач на брендот на луксузна долна облека Agent Provocateur и неговата мајка која заедно со татко му Малколм се сметаат за едни од зачетницие на панк движењето, во саботата, на 6 ноември организираа митинг во Челзи, во Лонсон, како протест против настаните околу Punk London, со кој се одбележуваат 40 години од панкот.
„Панкот никогаш не требаше да биде носталгичен. Панкот стана уште една маркетиншка алатка за ви продадат нешто што не треба. Илузијата на алтернативниот избор. Конформитет во друга униформа“, изјави Џо на митингот на кој спали панк меморабилија вредна неколку милиони фунти, меѓу кои и оригиналното издание на албумот Anarchy in the U.K на „Секс пистолс“, издаден токму на 26 ноември 1976 година, оригинални креации од бутикот Sex, отворен од страна на Вивиен и Малколм и многу други предмети, симболи на панк ерата.
Коре дури и на Твитер и на Инстаграм објавуваше кои предмети ќе бидат спалени. Сето ова се случуваше на брод, укотвен на Темза, во близина на Челси, токму во квартот каде што неговите родители ја отворија првата панк продавница, а покрај својата панк колекција тој запали и кукли со слики на познати британски политичари.
Нешто подоцна и дизајнерката Вествуд се обрати на собраната публиката и повторно зборуваше за климатските промени и потребата за зелена енергија. Нејзините пораки во последниве годни се насочени против банките, корпоративните конгломерати и политичарите, нарекувајќи го финансискиот систем rotten (во превод трул, но и израз кој пејачот на „Секс Пистолс“ го зеде како презиме).
Коре и Вествуд велат дека со овој чин го погребале панкот. За Коре панкот повеќе не е релевантен. Дали панкот е мртов или самиот чин не можеше да биде толку многу панкерски!? (K.T.)
Нема коментари