Компаниите Levi’s и Google се здружија на проект за нослива технологија и создадоа текскасна јакна која е „поврзана“ со вашиот телефон, што ви дозволува да се јавите на повик, да слушате музика, да користите мапи за навигација и слично. На проектот Jacquard за развивање на интерактивен текстил лани работеше Одделот за напредна технологија и проекти на Google (АТАП). Јакната првенствено е наменета за велосипедисти, кои со ова може да комуницираат со својот телофон додека возат велосипед.
Ракавот, односно манжетната на Levi’s јакната е направена од „паметна ткаенина“ која реагира на допир, технологија развиена од страна на Google. Предивата на ткаенината се поврзани со сензори кои пак на безжичен начин се поврзуваат со вашиот смарт телефон. Корисникот со притискање на одредени места на јакната и движења на рацете одговара на разни дејствија, како зборење на телефон, пишување на порака или барање некаква помош при навигација. Јакната е отпорна на вода, а сензорот може да се вади од јакната за да се исчисти и да се наполни батеријата.
Соработката меѓу Levi’s и Google резултираше со парче кое всушност навистина е нослива технологија, претворајќи го секојдневното парче облека како што е тексасната јакна во парче со интерактивна површина. Се очекува Levi’s x Google јакната да почне да се продава од пролетта 2017 година.
Нема коментари