Во борбата со тежината и несаканите килограми храната не треба да биде непријател, туку сојузник. Читајте и информирајте се која храна како делува на вашиот организам и која е поволна ако сакате да го намалите салото на стомакот. На пример, постојат добри масти кои што го поттикнуваат слабеењето и еве во кои намирници можеме да ги најдеме.
ЧИА СЕМЕ– Богато е со протеини, влакна и омега-3 масни киселини, идеален избор е за губење на тежината и обезбедува енергија. Во јогуртот ставете две кафени лажички од семето, нека отстои 10 минути и уживајте во здрав оброк.
АВОКАДО – Силно тропско овошје кое ќе помогне да се истрошат акумулираните масти, а обезбедува долготрајно чувство на ситост. Авокадото можете да го јадете во салати, како ладен намаз или како посебен оброк.
ЧОКОЛАДО – Важно е да се напомене дека станува збор на темно чоколадо, кое исто како и авокадото може да ги спречи нападите на глад и да го продолжи чувството на ситост. Истражувањата покажале дека најдобро е да се земат две коцки темно чоколадо два часа пред главниот оброк, и така нема да дојде до прејадување.
МАСЛИНОВО МАСЛО – Обезбедува долготрајно чувство на ситост, а дополнително може да го забави развојот на дијабетес тип 2, остеопороза, депресија и срцев удар. Маслиновото масло одговара со секоја салата, но најдобро е да се вклучи во повеќе оброци за да бидат видливи промените во организмот.
ЛЕНЕНО СЕМЕ – Покрај тоа што е одличен извор на омега-3 масни киселини, ја подобрува работата на дигестивниот систем и ги ублажува симптомите на менопауза. Сомелено семето може да се додаде во печива, житарки, смуди или јогурт.
БАДЕМИ – Не постои подобар избор за меѓуоброк од бадеми (количински колку што можете да соберете во тупаницата). Тие се одличен извор на протеини, ни ја даваат потребната енергија и го забрзуваат метаболизмот. За одличен почеток на денот во блендер измешајте банана, неколку бадеми, малку млеко и една лажичка мед.
ЛОСОС – Една од најздравите риби, само во 100 гр содржи 200 калории, што е доволно да се создаде подолготрајно чувство на ситост. Уште подобро ако оваа риба ја споите со една друга супер храна од списокот, авокадото, и да направите моќна салата.
ЈОГУРТ – Одличен извор на протеини, калциум и витамин Б12. Јадете една порција јогурт/ кисело млеко секој ден и маснотиите на стомакот побрзо ќе исчезнат. Направете свој пијалак – во јогуртот додајте семки од чиа, некој вид на бобинки и ќе добиее супер моќен домашен овошен јогурт.
КИКИРИКИ – Путерот од кикирики се покажа како многу ефикасен меѓуоброк, бидејќи создава чувство на ситост и го зголемува нивото на енергија. Може да го додадете во здраво смуди или да го намачкате на лепче.
Нема коментари