Откако лани ги одушеви трендсетерките со фустаните на преклоп со точки и со цветен дезен, австралискиот бренд Réalisation Par сега има нов моден хит – моделот на здолниште Naomi Wild Things. Ова „диво“ здолниште со необичен леопардов принт е од свилен сатен и нè потсетува на slip-моделите од 90-тите години. Изгледа женствено и елегантно, возбудливо поради шарата, и добро се комбинира со бела маица, црни тесни блузи, разни кошули, со патики или сандали… Може да се носи на плажа, во прошетка низ град, во вечерни пригоди. И веќе е дел од стилот на нашите омилени блогерки Сабин Сокол, Камил Шарие, Луси Вилијамс и АнЛор Мe.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари