Со голема посетеност уште во утринските часови денеска во „Скопје сити мол“ беше отворена првата продавницата во Македонија на светски познатиот бренд на козметика MAC. Уште од 10 часот владееше нетрпелива и весела атмосфера кај посетителите, меѓу кои беа присутни многу познати личности, медиуми и make up артисти.
Првите 200 купувачи, го добија на подарок легендарниот Retro Matte кармин.
- MAC козметиката за првпат доаѓа на македонскиот пазар и конечно сите ќе можат да уживаат во еден од најголемите светски make up брендови на денешницата. Во продавницата во Skopje City Mall ќе се најдат легендарни производи како MAC Retro Matte „Velvet Teddy“ и „Ruby Woo“ карминот, MAC Mineralize Skinfinish „Soft & Gentle“ хајлајтер и многу други, но и врвни лимитирани колекциикои секој месец ќе влегуваат во Македонија-велат претставниците на MAC во нашата земја.
Нема коментари