Скопскиот Музеј на современа уметност во соработка со Британскиот Совет во Македонија вчера ја отвори изложбата „Нова религија“ на еден од најпознатите и најзначајните светски уметници на денешницата Дејмиен Хрст. Во описот на поставката првпат иложена во 2005 година стои дека „Нова религија ги истражува сложените односи помеѓу смртта и верата, како и фасцинацијата со науката и технологијата, што за Хрст, интригантен и понекогаш контроверзен уметник, сите тие претставуваат централни теми. Во Скопје изложни се 44 графики изработени ситопечат техника, четири скулптури и една инсталација. Изложбата е отворена до 11 август ова година.
Нема коментари