Во тек е отворениот повик за дизајнери, дизајн студија и компании од Македонија и регионот кои сакаат да ги претстават своите нови производи и услуги пред пошироката јавност на Неделата на дизајнот во Скопје (Skopje Design Week) кое ќе се одржи оваа година 22. до 26. ноември.
Седмото издание на Skopje Design Week на јавноста ќе и понуди изложби од цела Европа, презентации, работилници со врвни дизајн практичари, забава, вмрежување и секако награди во три различни категории за дизајнери и компании. Заинтересирани поединци и компании може да дознаат повеќе информации за учество на фестивалот на веб страната: ministryofpleasure.net
-Новитетите кои скромно ги најавија од организацијата се просторното проширување, земјата во фокус и дизајнот на храна. За прв пат оваа година на Skopje Design Week изложбите ќе бидат поставени на две локации – Центарот за дизајн и иновации Public Room и продавницата за мебел и осветлување Lux Lightning and Living. На двете локации ќе можат да се видат дизајните на младите дизајнери од Балканот. Унгарија преставувана од 20-тина врвни продукт дизајнери и иноватори е земја во фокус на овогодинешното издание на Неделата на дизајн во Скопје. Дизајн на храна е новата дисциплина која е е отворена за пошироката јавност и ќе отвори врата за “не” дизајнери да се приклучат активно во програмските активности. Музичката програма, предавањата, детските работилници и саемскиот дел се интергелена целина на секое издание на Skopje Design Week-велат организаторите на Skopje Design Week.
Нема коментари