Ослободи ја својата креативност! е повикот што интернет страницата maici.mk го испраќа до сите креативци кои имаат идеи за дизајни на маици. Тимот од maici.mk е подготвен да одвои простор за сите македонски дизајнери, уметници и креативци кои сега своите дизајни може да ги промовираат и продаваат на оваа интернет страница. Секој дизајнер добива простор до 4 страни на maici.mk, каде што може да ги постави своите дизајни и нивните описи.
Организатор на настанот Ослободи ја својата креативност! е Polyesterday, а во целиот проект ќе биде вклучена жири комисија која што ќе селектира 25 дизајни што ќе бидат отпечатени и во јули ќе бидат изложени на изложба/коктел од хуманитарен карактер, токму во просториите на Polyesterday. Собраните средства од продадените маици ќе бидат донирани во хуманитарни цели. Дваесет и пет дизајнери ќе добијат бесплатна отпечатена маица со својот дизајн, а сите ќе имаат можност за потпишување на договор за продажба на своите дизајни на веб сајтот www.maici.mk.
Што треба да направите? Одберете ги вашите најдобри дизајни и испратете ги на следниот следниот e-mail: info@maici.mk со наслов: Ослободи ја својата креативност. Препорачливо е да напишете и краток опис на вашиот дизајн и ваша кратка биографија. Во однос на правилата за учество треба да знаете дека пријавувањето започнува денес, 12 јуни, а завршува на 22 јуни на полноќ. Дизајните треба да бидат во висока резолуција или векторски формат. Максимална димензија на печат: 356х406mm. Дизајните мора да бидат исклучиво лично дело и не смеат да бидат преземени од други автори или од интернет. Со пријавување на дизајнот се согласувате организаторот Polyesterday Digital Imaging да го користи и објави истиот во рамките на активностите на овој конкурс. Polyesterday Digital Imaging не подлежи на финансиска или друг вид компензација за печатење на дизајнот во рамките на овој конкурс. Повеќе за правилата и техничките карактеристики на maici.mk. Доколку имате прашања истите можете да ги пратите на info@maici.mk.
Нема коментари