Откако ја имавме можноста да ја погледнеме поставката на изложбата „Градска носија и модната облека од 19 и почетокот на 20 век“ уште додека се подготвуваше, може да ви предложиме задолжително да ја посетите и да научите повеќе за начинот на облекување во македoнските градови во наведениот период. Отворањето е закажано за денес, во 19.30 часот, во една од изложбените сали на Музеј на Македонија. Автор на изложбата е Сања Димовска, а поставката ќе ја отвори дизајнерката и професорка на ТМФ, Лидија Георгиева. Периодот кој го опфаќа изложбата се однесува на ова време кога е Македонија е сè уште во рамките на Отоманската Империја, а процесите на модернизација и европеизација кои го зафаќаат традиционалното и конзервативно општество, доведуваат до постепено напуштање на традиционалната ориентална облека и воведување на европската. Во текот на овој процес се формираат варијанти на европската облека со локални карактеристики. На изложбата ќе бидат презентирани комплети и детали од облеката во турско-ориентален стил, фустани и детали од комлети направени според европските модни трендови и облеки кои претствуваат комбинација на двата стила, со локални карактеристики. Изложбата ќе биде надополнета со фотографии кои датираат од крајот на 19. и почетокот на 20. век и го илустрираат начинот на облекување.
.
Нема коментари