Вчера, на 08.08.2018 во Skopje City Mall, се отвори првата монобренд продавница на Superdry во Македонија. Со колекцијата есен-зима 2018 започнува нова модна приказна за Fashion Group, но и за купувачите во Македонија. Отсега тие ќе имаат можност да носат бренд кој е вистински урбан „must have” на европскиот пазар. Superdry станува сè попопуларен меѓу помладата публика, но и познатите личности и инфлуенсери од сферата на музиката, зимските спортови и модата. Дејвид Бекам во 2007 е забележан во кожена јакна Superdry, која се распродава со огромна брзина во количина од 70.000 парчиња.
На отворањето кое беше замислено како релаксирано, летно дружење проследено со музика која ја подготви DJ Irie Scratch, гостите имаа можност да ја погледнат колекцијата, но и да добијат персонализирани маички со исписи по свој избор.
Брендот Superdry постои од 2003 година, кога е отворена првата продавница во Ковент Гарден во Лондон. Овој британски бренд го канализира духот на Јапонија преку исписите на јапонски јазик кои се среќаваат на самото лого и на голем дел од облеката. Облеката наменета за мажи и за жени е релаксирана, лежерна, но во исто време е модерна и актуелна. Освен стандардната колекција на облека и модни додатоци, тука е и колекцијата Superdry Sport која нуди облека и обувки за вежбање, трчање како и за скијање.
Колекцијата есен-зима 2018, зема ретро елементи и им додава модерен дух, креирајќи трендовска, современа и модерна реинтерпретација. Носталгијата по 70-тите и вестерн влијанието се присутни во женската колекција „All American Girl”. Рачно нацртани птици и винтиџ цветови се аплицирани на џинс кој се комбинира со јакни со пораби, кои се централни парчиња во оваа колекција. Деликатно везените фустани и здолништа додаваат женственост помеѓу карираните кошули, комбинезон фармерките и „погрубата” плетка на џемперите.
Колекцијата „New Army” претставува дуксери кои се сè освен обични – комбинација од монистри, метални детали и луксузни материјали, дополнети со тесни, моторџиски фармерки за впечатлив изглед. Јакните кои се обложени со слој од восок даваат елементи на „војничко” чувство, додека пак деталите од тантела и плишаните фустани во бордо и индиго ја „омекнуваат” колекцијата.
Спортските модели повторно доминираат во колекцијата есен-зима 2018. Контрастни бои и апликација на лого принтови, ја креираат приказната во колекцијата „Urban Street”. Едно од клучните парчиња е „oversized”, полнета јакна, која доаѓа во јака, жолта боја и соодветни тренерки за целосен изглед инспириран од модата во 90-тите.
Машката колекцијата „Back in the day” е навраќање кон њујоршката бит бокс сцена од 80-тите. Тексас јакни со волнена крагна и експлозија од јаки, основни бои кои се комбинираат со спортски парчиња. Колекцијата „London Calling” инспирирана од панк рок, ска и реге музиката – тесни, искинати фармерки кои се комбинираат со маици со принтови и тренч мантили – британски елемент во оваа релаксирана варијанта на облекување.
Нема коментари