Во срцето на Старата скопска чаршија, во автентичен амбиент кој ги спојува традицијата на Балканот и лукзусот на Истокот, вчеравечер беа отворени вратите на новото студио за накит „Карла“. Видно расположени и возбудени нè пречекаа двете сопственички на студиото, дизајнерките на накит Ивана Кнез и Бранка Данчевска.
Ова е втор заеднички продажен простор на креативните девојки, кои стојат и зад студиото „Драма“ во центарот на Скопје. Со „Карла“ тие ја потврдуваат меѓусебната соработка почната со „Драма“ и со LOOM. Нивното заедничко студио ќе претставува изложбен салон и модно ателје во кое љубителите на луксузниот стил ќе можат да најдат рачно изработен накит и уникатно дизајнирана облека.
Просторот се наоѓа близу Безистен, на централно место каде што се вкрустуваат повеќе патишта од Чаршијата, што е своевидна коинциденција со приказната на брендот Драма, кој вкрстува повеќе искуства, идеи и инспирацоии во една приказна. Во позлатените и дрвени рамки изложени во просторот може да се погледне широка понуда на уникатни ѓердани, прстени, обетки и алки од бисери, украсни камчиња, филигран, плексиглас злато и сребро. (А.Н.)
Нема коментари