Со чаша вкусна сангрија и модно дружење, вчера во Скопје свечено беше отворена продавницата на шпанскиот бренд Ada Gatti, лоцирана на првиот кат во ГТЦ, веднаш до киното „Милениум“. Присутните имаа можност да се запознаат со креациите од новата колекција за сезоната пролет-лето 2015 и со философијата на брендот „Да ја облечеме урбаната и модерна жена“. Ada Gatti нуди трендовска мода за жени и девојки, има пристапни цени и претставува најнова гранка од групацијата Fashion Import, која негува традиција од 20 години постоење.
Брендот карактеристичен по експресивни принтови во новата колекција за пролет-лето 2015 понуди низа на фустани со шари, потоа трендовско навраќање на бохо-стилот од 70-тите, модни парчиња што може да бидат дел од бизнис имиџ, шарени палтенца, разни модели на здолништа, кошули и панталони. Во асортиманот на Ada Gatti има и големи величини, а колекцијата е збогатена и со детски креации. Катица Богеска Јоргакиеска, како официјален дистрибутер на шпанскиот бренд Ada Gatti за Македонија и за неколку држави од регионот, ни откри дека нуди набавка на креации за бутици од државата. Овој сервис веќе функционира некое време, а во склоп на самата продавница се наоѓа шоурум во кој заинтересираните може да одберат креации што би ги понудат во своите продажни места.
Нема коментари