Новоотворената концептуална продавница Lotus Design Store отсега ќе биде место во кое може да се најдат креации на 17 дизајнерски имиња од областа на модата и дизајнот, кои што творат облека, накит, мебел, светилки и декоративни елементи. Сместен на вториот кат во „Скопје сити мол“, овој продажен салон на едно место ги содржи креациите на Росица Мршиќ и на Александра Митковска, накитот на Јана Ацевска, неодоливите дизајни на „Завар дизајн“, новите колекции на Јована Филиповиќ и на „Лудус“, креациите на македонските дизајнери од помладата генерација како Ирина Тошева, Стефанија Насеска и Елена Спасовка, порцеланските шолји на „Творница“, и уште производите на Lotus Lounge Chair, Оливера Штакоска, Le Brand, „Фејдом“, Магдалена Димковска, Moо Shema и Thomasine. На вчерашното отворање на концептуалната продавница ја видовме и изложбата на фотографии на Милчо Манчевски од серијата „пет капки сон“, како и моден перформанс со манекенки од агенцијата „Подиум“.
Нема коментари