Уникатни дизајни од 10 домашни креативци и брендови, кои се настанати со голема љубов и ентузијазам како идеја за економска и социјална реформа, од петокот (24 ноември) се изложени во просториите на уметничката галерија „Акантус“ во скопското Дебар Маало. На десетдневната изложба наречена „Анти-индустријал” учествуваат: „Светлосна врска“, „Керакамика“, [0.10errorofharmony], Васил Николoвски, Spin, Cactus Design, „Ракатрак дизајн“,Komrad Design, Wizart и Solem.
-Низ процесот на создавањето и реализирањето на нивните колекции создадена е можност за одржување на повеќе занаетчиски работилници, дизајнерски ателјеа кои трагаат по критериумот за убаво изработен и естетски осмислен производ. Поддржувајќи го напорот на дизајнерите за самоодржливост, креирање и осмислување на нивните идеи, ја нудиме можноста, клиентот да изгради подобар критериум низ компетитивност за убав производ и поддршка на домашната сцена дизајнери и произведувачи. Малите серии ги прават производите единствени-велат од галеријата„Акантус“.
Присуствувавме на отворањето на илзожбата „Анти-индустријал”, погледнете ги сите бои, светла и форми што ги „уловивме“ со нашите телефони.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари