Во афтентичниот амбиент на Капан ан, сред Старата скопска чаршија, со голем интерес на љубителите на современ македонски накит, вчеравечер беше отворен дизајнерсиот простор на етикетата „Еклектика“. Зад овој бренд стојат младите дизајнери на накит, Моника Лозановска и Александар Баки Милев, кои просторот ќе го користат како работилница и галерија. Целта на „Еклектика“ е и обединувањето – на разни начини на размислување, ставови, идеи и материјали. Креативците имаат различен стилна работа, што ја прави „Еклектика“ уште поинтересна. Раличен беше и профилот на посетителите што ги уловивме со нашиот фотоапарат на отворањето на продажниот простор на „Еклектика“.
Фото: Stylist.mk
Нема коментари