Македонските дизајнерки на современ накит Андријана Андреева (Ани Соро) и Маја Донева утре во 20 часот во центарот на Скопје ќе го отворат своето ново ателје „Мајана“. Студиото ќе функционира како е заедничко катче на двете креативки, место каде што тие ќе го изложуваат и изработуваат својот уникатен накит.
-„Мајана“ е новороденче на кое му треба комплетна посветеност, неодамна го погледна светот со своите крупни љубопитни очи. Тоа е топло катче каде што и ќе креираме и ќе продаваме, а туриститеќе мозат одблизу да се запознаат со нашите традиционални техники . Во ателјето ќе може да се најдат единствени парчиња работени во најразлични техники – од филигран до стим панк, од традиционално до ултра модерно, од А до Ш, од игла до локомотива. Со Маја имаме разни идеи, со кои плетеме интересни сказни . Љубовта кон единството нè спојува и сèшто произлегува од таа љубов е специјално. Владееме со мошне интересни традиционални техники освен филигранот, ќустек, ебру, боење стакло, ковање сребро и бакар, плетење и хеклање…игри без граници! Сите природни материјали се во игра кожа, дрво, памук, сребро, бакар, алуминиум и друго. Сплотеност е нашиот заштитен знак- вели Андреева која твори под називот Ани Соро.
Отворањето на просторот, кој се наоѓа во зграда на ССМ во близина на КИЦ, односно спроти ГТЦ, ќе биде во знакот на спонтаноста. Креативните сакаат на овој настан да ја споделат радоста и возбудата со блиските ни луѓе. (А.Н.)
Нема коментари