Во присуство на голем број љубители на современиот македонските дизајн и на накит изработен во традиционалните техники, вчеравечер беше отворено новото ателје „Мајана“ во центарот на Скопје на креативките Андријана Андреева (Ани Соро) и Маја Донева. Во просторот со топол амбиент, што се наоѓа во зграда на ССМ во близина на КИЦ, односно спроти ГТЦ, можеа да се погледнат уникатнните парчињата накит, ѓердани, обетки, прстени, брошеви и други детали со потпис на дизајнерките.
Во ова катче Андреева и Донева во иднина ќе ги создаваат и понудат на клиентите своите креации. Веруваат дека туриститепреку посетата на ова ателје ќе можат одблизу да се запознаат со нашите традиционални техники . Во ателјето ќе може да се најдат единствени парчиња работени во најразлични техники – од филигран до стим панк, од традиционално до ултра модерно. Авторките владеат мошне интересни традиционални техники како филигран, ќустек, ебру, боење стакло, ковање сребро и бакар, плетење и хеклање. Работат со природни материјали како кожа, дрво, памук, сребро, бакар, алуминиум и друго.
Фото: Stylist.mk
Нема коментари