Како со повеќе парчиња облека и со подебели материјали да изгледате едноставно, модерно и привлечно? Дали е возможно моделите истовремено да се топли, удобни, а да се елегантни? Колку плетени парчиња се доволни за да не изгледате премногу лежено на работа или на свечени настани? Како да избегнете зимските модели да ве направат покрупни? Ова се прашањата што најчесто се поставуваат за време на зимските месеци. Модните блогерни и трендсетерките оваа зима дадоа повеќе интересни опции и за разрешување на овие дилеми.
Плетено миди здолниште
Дизајнерката Викторија Бекам уште минатата зима носеше плетени миди здолниште комбинирано со плетен натресит џемпер. Трикот е во изборот на структуриран модел во случајов потенко плетено „сирена“ здолниште во светла боја. Таа умешно го комбинирала со високи чизми во боја. Џемперот е со идеална должина и не е преголем, па така не го покрива целиот горен дел. Со мала интервенција со секси или женствени модни додатоци, како високи потпетици или колан може да се долови елегатнцијата. Плетеното здолниште може да го комбинирате и со плетено палтенце кое ќе се структурира со колан. Или изберете кроп маичка.
Кимоно комбинација
Доколку работното место ви дизволува носење спортски парчиња, панаталони , фармерки или патики, а притоа не сакате да изгледате премнкогу кежуал, може да изберете долг модел наплетена туника. Носете ја врз тесни панталони или џинс. Комбинирајте со вашите омилени ниски чизми, патикина платформа, а ако тоа го дозволуваат временските услови облечете и балетанки или високи потпетици. Нема да погрешите ако оваа т.н. кимоно комбинација ја финализирате со долг капут или со кожна јакна.
Туника како фустан
Плетените туники носете ги како фустан, наместо да ги комбинирате со фармерки, хеланки или панталони, спојте ги со хулахопки. Избете некои со интересен дезен, повеќеденски мат верзии или модел во иста боја како џемперот. Надополнете ги со впечатлив гердан и колан. Можете да ги носите со високи чизми, но нема да погрешите и со модели до глужд.
Кошула што ѕирка
Кошулата секогаш ѝ дава поелегатна нишка на секоја комбинација, без разлика дали останатите парчиња влегуваат во категоријата бизнис-модели. Срогоста и отменоста на белата кошула ви дава слобода да балансирате со плетено кежуал парче Може да изберете кошула-фустан која ќе биде некоколку сантими подолга од плетениот модел, доволно да се надзира и да ја дава асоцијацојата за елеганција. Кошулата може да ја комбинирате и со плетени елеци, плетено здолниште или со туника. Едно од парчињата нека биде еднобојно.
Оставете свој белег
Најважно при секој стајлинг е да оставете сопстве белег со парче што ве одбележува. Сè е во деталите и додатоците. Најобичната комбинација или наједноставното парче ќе добјат поинаков изглед или приказна ако ги зачините со вашиот омилен накит, шешир, марама, очила, чевли, или капут. (А.Н.)
Нема коментари