Розовата боја често се доживува како несериозна, детска боја, која одговата повеќе на девојчиња и тинејџерки, отколку на зрели отмени дами. Но, многупати трендсетерките покажаа дека тоа се само предрасуди на луѓе без модна имагинација. Розовата боја може да се примени во изгледот за во канцеларија и притоа да се изгледа достоинствено, елегантно и истовремено модерно. Покрај класичните розови кошули, модните додатоци, како чевлите, за кои веќе пишувавме, роозвата боја оваа сезона се носи во неколку варијанти, во кои ќе изгледате авторитетно. Актуелни и лесно примелниви се костумите, палтата, миди здолништата, молив фустаните и здолништа, како и плисе парчињата во оваа боја.
Палтото и панталони во иста нијанса на розева лесно се комбинираат со кошули во повеќе тонови, дезени и кроеви. Исто така одлично одговараат со маички со пруги и со точки, а за посекси варијатна може да изберете свилена кошула или блуза со тантела. Блогерките ги комбинираат со кожени или лаковани епадрили, високи потпетици во некоја контасна нијанса или со патики, за полежерни моменти. Палтото може да го употрените во најзралични кобинации и да го носите врз комплет од кошула и здолниште, со алтулените килот панталони, до фустан или пак со џинс.
Покрај сакоата, здолништата како и килот панталоните се можеби најносените модни розово парчиња.Во различно нијанси на оваа боја може да избертее миди здолниште во стилот на 50-тие кое одлично одговара со црно-бел горен дел, маичка со принт или пак со елегантна кошула.Следбеничките на трендовите уште од минатта зима имаат плисе дздолниште до под колена, кое сега може да се носи со кошула по кратки ракави, маичка до натпис еднобојна спортска блуза, а во опција се и моделите со голи рамена.
Молив фустаните и здолнитата со должина над и под колената се одлично парче заотмен изглед, кое може да се носи со кратко палто или елек, и со кошула што ја слиеди линијата на горниот дел од телото.КОмбинирајте и со виторијалсни копули со врвци, како и со свилени блузи и моделисо карнери, кои ќе ја разиграат линијата на целосниот стајлинг.
Нема коментари