Манкенката Роузи Хантингтон-Вајтли на својот „Твитер“ профил постира фотографија на која ја потенцира прерамката од својот розов градник, а во постапката ја следеа повеќе жени и познати личности. Не станува збор за некој нов површен моден тренд, туку приклучување на движењето #ShowYourStrap како дел од кампањата на британскиот моден бренд Marks&Spencer и фондацијата Breast Cancer Now која се бори против ракот на дојки.
Кампањата покрај тоа што ја подига свеста за болеста, ги поттикнуваат жените да донираат средства – тие објавуваат фотографија од прерамката под ознаката #ShowYourStrap и донираат по три фунти на сметка на фондацијата кои се наменети за понатамошни истражувања на болеста. Во месецот за подигање на свеста за оваа болест Роузи се приклучи на акцијата и со дизајнирање долна облека за Marks&Spencer – колекција од 19 градници наменети за жени кои имале операција на градите поради рак. За промовирање на колекцијата Хантингтон-Вајтли и брендот наместо манекенки повикаа неколку жени кои ја преживеале болеста.
Нема коментари