По повод 30 години од независноста на Македонија на иницијатива на компанијата „Божиновски часовници и накит“ ќе биде дизајниран првиот македонски Swatch часовник. Од компанијата соопштија кој избраниот дизајнер.
-Првиот Swatch со локализиран дизајн ќе биде изработен од страна на познатиот македонски дизајнер Зоран Кардула, на истиот ќе биде претставено дело креирано специјално за оваа намена. Часовниците ќе бидат достапни во лимитиран симболичен број од триесет парчиња и истите ќе бидат изложени во нашите салони. Со оглед на симболиката на целиот проект идејата е за истите да организираме донаторска аукција, а собраните средства ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно, по избор на авторот кој покрај како дизајнер е познат и по својата хуманост.
Од срце ви благодариме што учествувавте во овој проект кој за нас како компанија е од огромно значење. Со ваша помош Македонија ќе ја вброиме меѓу првите земји кои изработиле локализирани Swatch часовници и на тој начин симболично ќе ја одбележиме 30 годишнината од независноста на нашата земја – велат од „Божиновски“.
Нема коментари