Модниот бренд Манго ја претстави својата колекција за есен 2022 година со модната кампања насловена The Fierce Side (Жестоката страна) во која позира манекенката Оливија Винтен во повеќе стајлинзи во кои доминираат животинскиот принт и црната боја. Во оваа колекција Мано акцент става на повеќе модни парчиња облека и додатоци – блузи, фустани, костими, капути – со леопардов принт. Потоа содржи плетенина, карго панталони, модели од кожа со ефект на крокодил, волнени капути, палта од вештачко крзно, вечерни фустани, мини и макси здолништа, како и сандали кои кога е студено ќе ги носите со хулахопки.
Нема коментари